Ла Лига ангажира професионалец кој ќе одлучува за казната на Белингам

Дуелот меѓу Хетафе и Реал Мадрид кој се играше пред три дена и на кој славеа Кралевите со 2:0, помина во сенка на инцидентот кој го предизвика Џуд Белингам, поради што Ла Лигаа ангажира професионалец пред да ја одреди казната за фудбалерит.

Белингам е уловен од страна на камерите како во еден момент на играчот на Хетафе, Мејсон Гринвуд, му вели силувач.

Поради ова, Ла Лига објави дека ќе ангажира професионален читач од усни за да може со сигурност да утврди што кажал Белингам, пред да ја одреди казната.
Казната за фудбалерот се очекува да биде соопштена по утрешното Ел Мадрилењо дерби во кое ќе играат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести