Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, доби нов удар од Ла Лига откако раководството на лигата им го намали буџетот за плати за повеќе од 100 милиони евра, па така Каталонците сега ќе имаат за трошење 351 милион евра, а не 463 милиони евра, како што имаа планирано.
Сепак, сите фудбалери се регистрирани, па нема да имаат проблем со регистрациите. Ова намалување доаѓа откако од Ла Лига одлучија да не ја прифатат продажбата на ВИП седиштата на „Камп ноу“ како приход.
За разлика од Барселона, убедливо најмногу пари за трошење има Реал Мадрид, дури 761 милион евра. Најмалиот буџет во Ла Лига го има Севиља, само 22 милиони евра за плати.