Раководството на Ла Лига со официјално соопштение зазеде став околу сагата меѓу Лионел Меси и Барселона. Шпанското првенство застана на страната на каталонскиот клуб, потврдувајќи дека Меси има договор со клубот и исто така важечка клаузула.
Тоа би значело дека Аргентинецот може да си замине од „Камп ноу“ ова лето само доколку се активира енормната клаузула од 700 милиони евра. Втора опција му е да чека да му истече соработката во јуни 2021, па Меси како слободен играч да ги напушти Каталонците.
Во меѓувреме војната меѓу Меси и Барселона почна така што капитенот утрово не се појави на тестирањата за ковид-19, кои се вметнати според здравствениот протокол како услов за одобрување да тренира.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1300040599677161472