Лајпциг експресно назначи нов тренер по отказот за Марко Розе

Лајпциг брзо реагираше по отказот на Марко Розе и го доведе неговиот наследник. Нов тренер на тимот е Жолт Лев, со кого е потпишан договор до крајот на сезоната.

Според информациите од Германија, по завршувањето на оваа сезона се очекува да биде избрано некое поголемо име.

Младиот унгарски стратег е дел од системот на Ред Бул уште од 2012 година, кога започна работа во младинските категории на Салцбург. Потоа прејде во Лајпциг, каде што се задржа до 2018 година.

Во тој период, Жолт Лев беше асистент тренер во Лајпциг, а подоцна ја извршуваше истата позиција и во клубови како ПСЖ, Челзи и Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести