Борусија Дортмунд победи со 2:1 против Лајпциг во дербито на 9. коло во германската Бундеслига. Оваа победа на Милионерите има дополнителна тежина, затоа што е направена со пресврт. За Лајпциг ова е прв пораз сезонава и заостанува три бода зад лидерот Баерн Минхен.
Словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко погоди во 27 минута за водство на Лајпциг.
Борусија брзо се врати и по само три минути израмни на 1:1 Беиер ја затресе мрежата на гостите за 1:1 на полувремето.
Во 64 минута кај Лајпциг во игра влезе Елиф Елмас, но само неколку секунди подоцна, Борусија постигна гол. Гираси со глава го матираше гостинскиот голман за 2:1 за Милионерите, што на крајот се покажа и како конечен резултат.