Лајпциг му даде отказ на тренерот Марко Розе

Германскиот бундеслигаш Лајпциг официјално објави дека се разделува со досегашниот тренер Марко Розе и неговиот стручен штаб, откако тимот падна на шестото место во Бундеслигата седум кола пред крајот на сезоната. Црвените бикови се наоѓаат во лоша форма, со само две победи во последните 11 натпревари во елитата.

Одлуката доаѓа по поразот (0-1) од Борусија Менхенгладбах вчера, и пред гостувањето во полуфиналето за Купот на Германија в среда против Штутгарт.


Лајпциг е на три бода зад четвртиот Мајнц, кој денеска гостува кај Борусија Дортмунд.
Јирген Клоп, кој стана директор за фудбалските операвии на „Ред Бул“ во јануари, учествуваше во донесувањето на одлуката, иако е близок пријател со Марко Розе.


Досегашниот тренер на Лајпциг го водеше тимот од 2022 година, кога двапати го пласираше клубот во Лигата на шампионите, го освои Купот на Германија во 2023 година, како и Суперкупот на земјата во истата година.

- Оглас -

Најнови вести