Лајпциг за 10 минути „од два во кец“ против Зенит, Челзи го освои Амстердам (видео)

Лајпциг со конечни 2-1 го оствари пресвртот против Зенит за втор триумф во групната фаза. Црвените бикови барем неколку часа со седум бода ќе бидат први во групата Г, а избраниците на Нагелсман за само 10 минути успеаја да ја анулираат предноста на рускиот првак од првото полувреме.

Зенит со фантастичниот погодок на Ракитски во 25-тата минута дојде до минимална предност на „Ред бул арена“, но домаќините од 49-тата до 60-тата минута на двапати ја тресеа мрежата на Кержаков преку Лајмер и Сабицер, па така Лајпциг му го нанесе првиот пораз на Зенит во ЛШ оваа сезона.

https://twitter.com/KramponGolazo/status/1187067393446727681

https://twitter.com/KramponGolazo/status/1187070329702752257

На „Јохан Кројф арената“ во Амстердам Челзи минимално го совлада холандскиот првак Ајакс со 1-0. Гостите од Лондон до важните три бода дојдоа преку погодокот на џокерот од клупа на Лампард, Мичи Батчуаји во 86-тата минута.

Kопјаниците беа поопасни во првите 45 минути, дури и постигнаа водечки гол, кој според ВАР-системот беше нерегуларен поради што Промес беше во недозволена позиција. Ајакс и во вториот дел се закани, Алварес погоди греда, а потоа во финишот следуваше казната во креација на белгискиот голгетер.

https://twitter.com/KramponGolazo/status/1187076336742998016

- Оглас -

Најнови вести