„Лалињата“ без капитенот против „ѓаволите“

Соседската пресметка помеѓу Белгија и Холандија ќе биде осиромашена со неиграњето на 27-годишниот Вирџил Ван Дајк. Капитенот на холандската репрезентација имал болки после дуелот со Германија, и нема да настапи на пријателскиот меч во вторник.

Од клубот за кој игра Ван Дајк, премиерлигашот Ливерпул, веруваат дека не станува збор за сериозна повреда на нивниот централен дефанзивец и оти ќе може да игра в сабота на гостувањето кај Хадерсфилд.

Ван Дајк уште има последици од повредата на реброто здобиена минатиот месец на мечот со Саутхемптон, па ќе одмора, наместо да игра во Брисел.

Вирџил ги одигра сите 90 минути против Германија, во триумфот од 3:0, а го постигна и првиот гол.

„Германија не е обичен тим. Тие имаат топ фудбалери кои играат за врвни клубови. Однапред, никој не може да очекува победа од 3:0 против Германците. Ако пред мечот кажевме дека ќе победиме со тој резултат, никој немаше да ни верува. Мислам дека вториот гол беше одлучувачки“ – изјави Ван Дајк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести