Настапот на ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, е под прашање за домашниот натпревар против Валенсија в недела. Крилниот напаѓач не учествуваше на денешниот тренинг на тимот.
Јамал се пожали на повреда и не беше дел од подготовките на каталонскиот тим.
Барселона в недела од 21 часот ја пречекува Валенсија. На овој натпревар сигурно ќе отсуствува и Гави, кој ќе биде одвоен од тимот подолг период.