Челзи денес (17 часот) го пречекува Вулверхемптон во последното коло од Премиер лигата, во кое Сините со евентуален триумф ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите.
За менаџерот Френк Лампард, ова е најважниот натпревар за неговата екипа оваа сезона, бидејќи мора да се оствари поставената цел.
„За нас ова е најголемиот меч во сезоната, но таков беше и претходниот дуел со Ливерпул, а по дуелот со Вулвс за најголем натпревар ќе го сметаме финалето во ФА купот. Во овој период од сезоната секој дуел е клучен, но не можам да сокријам дека целта ни е да обезбедиме место во топ 4. Примарна цел оваа сезона ни беше да напредуваме колку што е можно повеќе, но сега кога се доведовме во ваква ситуација мора да се погрижиме и да обезбедиме пласман во ЛШ“, истакна Лампард.
Челзи е на 63 бода на четвртото место, исто толку има и Манчестер јунајтед кој со подобра гол-разлика е едно место погоре, додека Лестер е веднаш зад гиганти со бод помалку.