Лампард нема милост и посочи директен виновник за поразот од Ливерпул

Челзи очигледно дека не е подготвен да му парира на Ливерпул во трката за титулата во Премиер лигата. Оваа констатација е по вчерашниот меч на „Стемфорд бриџ“ и победата на гостите од 2:0. Ливерпул за неколку минути ги реши сите дилеми, откако даде два гола на почетокот на второто полувреме.

Садио Мане беше прецизен во 50-тата и 54-тата минута, а посебно интересен беше вториот погодок. Голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, ја имаше топката, сакаше да проигра еден од своите соиграчи, но несмасно згреши и Мане ја пресече топката, па лесно погоди за 2:0. Головите на Мане погледнете ги ТУКА.

Грешката на Кепа не е карактеристична за голман кој го држи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Шпанскиот чувар на мрежата веќе некое време разочарува со своите одбрани и многумина очекуваат да биде сменет, како што тоа беше пред крајот на претходната сезона. Тренерот на Челзи, Френк Лампард, дури и директно го обвини Кепа за поразот од Ливерпул.

„Грешката на Кепа многу нѐ чинеше. Потоа имавме и пенал кој можевме да го реализиравме, но не успеавме. Тоа се нијансите кои ги одлучуваат големите дерби-мечеви. Кепа мора да продолжи да работи за да биде подобар, а ние треба да му дадеме поддршка. Имавме 10-мина играчи, а за малку ќе одигравме 1:1 против Ливерпул. Задоволен сум од начинот на игра. Бевме рамноправни на теренот сè до моментот кога го добивме црвениот картон“, рече Лампард по вчерашниот меч.

Веќе во следното коло може да се случи Челзи да има нов голман во стартниот состав, и тоа засилување кое доаѓа од француската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести