Лани во мртва трка ја загуби круната на Тур де Франс, сега се откажа по 8 етапи

Словенецот Примож Роглиќ се повлече од Тур де Франс по 8 етапи, а причината е повреда, па ланскиот вицешампион нема да се натпреварува во продолжението на легендарната велосипедска трка.

Актуелниот вицешампион на Тур де Франс се обиде да продолжи да се трка со најдобрите велосипедисти, но поради повредата доцнеше дури 35 минути на последната етапа, вчера, па одлучи да се откаже.

„Немаше смисла веќе да се мачам, бидејќи сум повреден. Секако дека сум разочаран, но понекогаш мора да се пребродат и вакви моменти“, изјави Роглиќ.

Лани во мртва трка со сонародникот Тадеј Погачар, во последната етапа на хронометар, Роглиќ не успеа да победи на Тур де Франс, односно да ја освои титулата.

Погачар и на ова издание на трката по 8 етапи е на првата позиција со една минута и 48 секунди предност пред Вут Ван Арт од Белгија и 4.38 минути пред Казахстанецот Алексеј Лученко.

- Оглас -

Најнови вести