Само шест селекции од 2012 година се учесници на сите европски и светски првенства, меѓу нив е и Македонија

Македонската ракометна репрезентација е дел од елитното друштво на само шест селекции кои од 2012 година настапиле на сите европски и светски првенства. Во ова одбрано друштво покрај Македонија се уште: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска, Исланд.

Ова само потврдува за големиот успех на селекцијата на Кирил Лазаров која синоќа ја прегази Словачка со 38-23 во СЦ „Борис Трајковски“ и со две победи во баражот обезбеди пласман на ново големо натпреварување.

Без разлика на промената на генерациите, Македонија останува редовен учесник на најголемата сцена и гордо го носи своето место меѓу европските и светските великани.

Ракометната федерација на Македонија, односно претседателот Александар Стефанов, по мечот вети премија за ракометарите и стручниот штаб.

Тие ќе поделат 1.500.000 денари за пласман на осмо СП по ред, односно 16 големо натпреварување по ред ако ги земеме во предвид и ЕП.

Македонија од втор шешир ќе ја чека ждрепката за Мундијалот која ќе се одржи на 10 јуни во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести