-2.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Ланскиот МВП уште се загрева – Чудо се случи, Јокиќ не постигна ниту еден кош од игра

Чудо се случи на подготвителен натпревар во НБА-лигата и Никола Јокиќ, кој е двоен најкорисен кошаркар по ред во НБА, не постигна ниту едн кош од игра за Денвер нагетс на подготвителен меч со Лос Анџелес клиперс.

Претсезоната е при крај и регуларниот дел на новата сезона треба да почне за една седмица, а очигледно е дека Јокиќ сè уште се загрева.

Ноќеска играше малку повеќе од 15 минути и постигна два поена откако погоди две слободни фрлања, а не погоди ниту еднаш од поле.

Имаше 7 скока и две асистенции во скромната ноќ за него. Српскиот ас двапати по ред ја доби МВП наградата во најсилната лига на светот, што не е баш чест подвиг во историјата на НБА-лигата.

Денвер нагетс ќе ја почне новата сезона со дербито на гости против Јута џез на 20 октомври, а една ноќ претходно ќе биде и премиерата на новиот циклус со двата меча меѓу Бостон селтикс и Филаделфија 76 и Голден стејт вориорс и Лос Анџелес лејкерс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести