Барселона е пред зеализација на голем трансфер, во кој ѕвездата на Манчестер сити бесплатно ќе се пресели на „Камп Ноу“. Една од најголемите желби на Жоан Лапорта е Бернардо Силва, за кого се смета дека идеално би се вклопил во формацијата на „каталонците“, а токму претседателот на Барселона ќе ги има најголемите заслуги доколку овој трансфер се реализира.
31-годишниот португалски репрезентативец има договор со Манчестер сити до крајот на оваа сезона, но нема најави дека договорот ќе биде продолжен, а тој самиот истакнуваше дека предизвик за него ќе биде играњето во шпанската Ла Лига. Сепак, интерес за Португалецот има и од Саудиска Арабија, па времето ќе покаже дали ќе одолее да арапските милиони.
Бернардо Силва има 107 настапи за репрезентацијата на Португалија и 14 гола. Во кариерата настапуваше за Бенфика и Монако, а во 2017 година беше купен од „граѓаните“ за сума од 50 милиони евра.

