Раководството на Барселона испрати понуда до Лајпциг за купување на Дани Олмо, но таа веднаш беше одбиена. Сепак, тоа не значи дека „каталонците“ се откажале од својот поранешен младинец и повторно ќе се обидат да дојдат до неговиот потпис.
„Можеме да влеземе во борба за секоја трансфер за кој мислиме дека е потребен. Деко работи на тоа да ја подобриме екипата која ја имаме. Економската ситуација е многу подобра за разлика од периодот кога се вратив во клубот. Првата цел беше да се спаси клубот, потоа економски да се опорави и денес веќе можеме да си дозволиме трансфери, благодарение на работата и трпеливоста на раководството.“ – рече претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој најави дека клубот тргнува жестоко по потписот на Нико Вилијамс и Дани Олмо.