Фудбалерите на Лацио ја забележаа и петтата победа по ред во Серија А, откако на домашен терен ја совладаа Болоња со 3-0. Гигот во 68-мата и Закањи во 72-рата минута донесоа водство од 2-0, додека Деле-Баширу во 92-рата минута само ја потврди победата за Лацио со која останаа во чекор со водечките екипи во првенството на Италија.
Наполи е во водство со 29 бода, додека Лацио, Аталанта, Интер и Фиорентина го следат во чекор и имаат само по бод помалку, односно сите по 28.