Лацио го договори албанскиот талент на Верона

Мараш Кумбула, младиот дефанзивец на Верона, од следната сезона ќе го носи дресот на Лацио, пренесуваат италијанските медиуми. За неговите услуги Лацио ќе исплати до 28 милиони евра, а во Рим го чека петгодишен договор со плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Преговорите кои траеја неколку дена околу овој ангажман вродија со плод, талентираниот албански стопер ќе ја засили одбранбената линија на Симоне Инзаги по одличната сезона која ја има бранејќи ги боите на Верона. Кумбула во Лацио ќе биде пречекан од сонародникот и колега од репрезентацијата на Албанија, голманот Томас Стракоша.

Во тековната сезона Кумбула запиша 21 настап за Верона во кои реализира еден гол, додека за сениорската репрезентација на нашиот западен сосед дебитираше во октомври минатата година.

- Оглас -

Најнови вести