Лацио играше по нотите на Сергеј, а тој со мајсторија ја реши Специја (видео)

Лацио со триумф од 2-1 се враќа од гостувањето кај Специја, за кој најзаслужен дефинитивно е Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Ѕвездата на Лацијалите блесна кога на тимот му беше потребен позитивен резултат по шокот од Удинезе во претходното коло, па со асистенција и прекрасен слободен удар изрежира петта победа за Римјаните за оваа сезона.

Имобиле ја отвори средбата уште во 15-тата минута, откако се најде во 100% шанса да шутира по проигрувањето на српскиот играч за врска. По нешто повеќе од половина час, Милинковиќ-Савиќ зголеми на 2-0 со мајсторијата од дваесетина метри.

https://twitter.com/noob_fcb/status/1335233984721260546

Домаќините дојдоа до почесен погодок преку Нзола во 64-тата минута, но тоа беше сè од Специја, која падна на 15-тото место по четвртиот пораз сезонава.

Лацио засега е седми со 17 бода.

- Оглас -

Најнови вести