Лацио не дозволи Наполи вечерва да прослави титула, Интер ѝ нанесе историска катастрофа на Верона

Наполи уште нема обезбедено титула во Серија А бидејќи Лацио го победи Сасуоло со 2-0, па Наполитанците утревечер во Удине против Удинезе ќе треба сами да си ја завршат работата која ја почнаа уште на стартот на сезонава.

За разлика од Лацио, другиот римски прволигаш, Рома, не победи, одигра 1-1 со Монца, а неочекувано реми имаше и Милан со фенерџијата Кремонезе, и тоа Росонерите во 93-тата минута дадоа гол за израмнување и спречија поголем срам.

Затоа Интер немаше проблеми со Верона, се проби на четврто место и стана првиот гостин кој постигнал повеќе од пет гола на гостување на „Бентегоди“. Поразот од 0-6 е најтежок домашен за Верона во нивната историја.

- Оглас -

Најнови вести