Лацио по пауза од шест години успеа да ја победи Аталанта на „Олимпико“

Фудбалерите на Лацио славеа со 3:2 против Аталанта во дербито на осмото коло во Серија А.

Ова е трета победа за Лацио сезонава и со десет бода се искачи на 12-та позиција на табелата, додека Аталанта остана на 13 бода за седмо место.

Лацијалите фантастично го започнаа натпреварот и по само 11 минути имаа водство до 2:0 на „Олимпико“. Во петтата минута, играчот кој игра за Аталанта како позајмен од Милан, Де Кетеларе ја затресе сопствената мрежа, а шест минути подоцна, Кастеланос зголеми на 2:0.

До крајот на првиот дел, Аталанта преку Едерсон успеа да намали на 2:1.
Во 63-та минута, Колашинац го замолкна „Олимпико“ израмнувајќи на 2:2, но во финишот, Весино погоди за 3:2 за Лацио и голема радост на неговите навивачи.

Интересно, ова е прва победа на Лацио на „Олимпико“ во меѓусебните дуели со Аталанта од 2017 година. На последните шест гостувања во Рим, Аталанта имаше три победи и три ремија.

Фросиноне продолжува со одличните игри на стартот од сезоната и со 2:1 ја победи Верона. Реиниер и Матијад Соуле му донесоа водство на својот тим од 2:0, а Верона во судиското продолжение само успеа да го ублажи поразот преку Ѓуриќ. По новата победа, Фросиноне е осми на табелата со 12 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести