Лацио победи благодарение на голот на вториот најмлад стрелец во клупската историја

Лацио се искачи на второто место на табелата на Серија А откако вечерва на својот „Олимпико“ минимално со 1:0 славеше против Монца. За Лацио ова е деветта победа во 14-тото коло и со 30 бодови сега се израмни со Милан, а само Наполи е пред римјаните.

Лука Ромеро е херојот на Лацио, погодувајќи во 69-тата минута по асистенција на Педро. Со овој гол Ромеро стана вториот најмлад стрелец во историјата на Лацио.

- Оглас -

Најнови вести