Лацио победи на гостувањето кај Сасуоло со 2-0, со гол од пенал на Матија Ѕакањи, и Фелипе Андерсон во последните секунди од мечот од Серија А.
Кога има пенал за лацијалите, неприкоснивен изведувач е Чиро Имобиле, но овојпат тоа не беше можно бидејќи капитенот на Орлите се повреди рано и мораше да излезе од игра уште во 15-тата минута од средбата, при резултат 0-0.
Имобиле ја обнови мускулната повреда која ја имаше и есеноска, кога пропушти еден месец. На Чиро вторпат сезонава му се случи да биде заменет во први 30 минути поради повреда, а претходно во 11 сезони само еднаш.