Лацио преку СМС најави дека ќе се бори за скудетото (Видео)

Лацио го победи Јувентус со 3-1 во дербито на италијанската лига, иако Јуве со голот на Кристијано Роналдо водеше со 1-0, па сега и римските Орли се вмешуваат во битка за титулата, бидејќи имаат само три бода помалку од Старата дама, а пет помалку од лидерот Интер.

Лацио е во голема победничка серија, а вечерва триумфалниот гол го постигна Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој одлично се снајде покрај двајца чувари. Сега веќе во Европа нема непоразени тимови. Јуве можеше да доживее и потежок пораз, но при 2-1, Чиро Имобиле утна пенал (му заврши серијата од 12 погодени пенали по ред), а Војчех Шчесни имаше уште една феноменална одбрана после одбиената топка кога го одбрани пеналот. Третиот гол во мрежата на Јуве падна во 95-та минута, а стрелец беше Каиседо кој влезе во игра во 90-та минута.

Клучен момент на дербито беше исклучувањето на Квадрадо во 69 минута при 1-1. Само пет минути подоцна, Лацио даде гол за водство, и тој гол на Србинот СМС се покажа како пресуден.

https://twitter.com/i/status/1203424865547669504

- Оглас -

Најнови вести