Лацио се пофали: Со медицински тим како нашиот СМС ќе лета на терен

Сергеј Милинковиќ-Савиќ нема сериозна повреда на коленото, а шефот на медицинскиот тим на Лацио, Иво Пулчини вечи дека српскиот репрезентативец ќе биде комплетно фит за рестартот на сезоната.

„Сергеј се чувствува одлично, а од тренингот вчера беше повлечен од превентивни причини. Лацио има сериозен медицински тим и можам да кажам дека еден од нашите најдобри играчи ќе лета на теренот во продолжението од сезоната“, вели Пулчини.

Популарниот СМС се пожали на повреда на коленото на утринскиот тренинг, вчера, но по прегледите и магнетната резонанца утврдено е дека не е ништо сериозно и дека тој ќе може повторно да тренира, како подготовка за рестарт на сезоната.

Серија А ќе продолжи на 20. јуни со два меча, а Лацио ќе игра прв меч по тримесечна пауза дури четири дена подоцна. На 24. јуни лацијалите ги чека тежок меч против Аталанта на гостински терен.

Лацио игра одлилна сезона и пред продолжението на Калчото се наоѓа на втората позиција со 62 бода, само еден помалку од лидерот и актуелен првак Јувентус.

До крајот на сезоната треба да се одиграат 12 кола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести