Лацио утна зицер за второ место

Лацио киксна на меч на којшто очекуваше сигурна победа и со реми без голови на „Олимпико“ против Верона пропушти шанса да се пробие на второто место во Серија А.

Мечот што беше заостанат во најсилната лига на Италија донесе неочекуван резултат бидејќи Лацио е најефикасната екипа во досегашниот дел од сезоната со 52 гола, а вечерва не најде начин како да ја затресе мрежата на Силвестри.

Верона одигра многу солидно, а и гостите имаа свои шанси за победа, иако Лацио доминираше и двапати ја погодуваше рамката на гостинскиот гол.

Лацио остана на третото место на табелата со 50 бодови, четири помалку од лидерот Јувентус и еден од Интер. Верона го задржа деветтото место во Серија А со 31 бод.

- Оглас -

Најнови вести