Лаудруп демантира – Не се туркам да го заменам Лопетеги

Михаел Лаудруп упати остар демант до данската новинска агенција „Рицау“, во кој вели дека не му се нудел на Реал Мадрид како замена за Јулен Лопетеги.

Тренерот на кралскиот клуб е под голем притисок и со ултиматум да го победи Леванте викендов и потоа на „Камп Ноу“ и вечниот ривал Барселона за да продолжи како кормилар на актуелниот европски првак.

За секој случај битката за место на клупата на најтрофејниот европски клуб е почната и се заострува, а главен кандидат е Антонио Конте. Данците го вмешаа и нивниот Михаел Лаудруп, но тој демантираше.

„Не сум ни размислувал да се нудам некому. Никогаш не сум го правел тоа, ниту некогаш ќе се нудам некому“, изјави Лаудруп.

Тој играше во Реал, но и во Барселона, одлично го познава шпанскиот фудбал, а беше тренер на Хетафе и на Мајорка. Покрај нив од клупата ги предводеше и Брондби, Спартак Москва, Свонси, Лехвија и Ал Рајан.

- Оглас -

Најнови вести