Лаутаро: „Меси или Јамал? Никој не може да се споредува со Лионел Меси!“

Интер вечерва ѝ гостува на Барселона во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, а на прес-конференцијата на екипата од Милано се појави и Лаутаро Мартинес. Тој многупати играл против Лионел Меси, но и со него во иста екипа, па едно од прашања беше кој е подобар, Меси или Јамал? Следуваше очекуван одговор од Аргентинецот.

„За мене никој не може да се споредува со Лео. За мене тој е и ќе остане најдобриот фудбалер на сите времиња. Нема да правам споредби, сè што ќе кажам е дека Јамал е многу добар играч. Освои многу трофеи за неговите години, победуваше и со репрезентацијата. Мора да го почитуваме, тој е одличен фудбалер со светла иднина“, без размислување одговори Лаутаро Мартинес.

Говорот на капитенот на Интер продолжи со анализа на успесите на Интер претходните неколку сезони.

„Многу сме среќни. Вторпат играме полуфинале во Лигата на шампионите во последните три години, што на Интер му се нема случено долга низа години. Многу работиме на ова престижно натпреварување. Сакаме да ги оствариме нашите соништа, но и соништата на нашите навивачи и да играме во уште едно финале на Лигата на шампионите. Фокусирани сме на големиот ривал“, додаде Аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести