Лаутаро сака само во Барселона (фото)

Лаутаро Мартинес сака само во Барселона. Веќе извесно време е познато дека желба на аргентинскиот голгетер е да игра во дресот на Каталонците и сонародникот Лионел Меси, а според „Мундо депортиво“, тој веќе му порачал на раководството на Интер да ја одбие секоја понуда за него која не доаѓа од Барселона.

Каталонскиот лист со ваква најава ја пополни насловната страна од денешниот тираж со наслов „Барса или ништо“, што појаснува дека ПСЖ и Манчестер сити залудно трошат време да го ангажираат Лаутаро.

Изминатиов период се појавија доста шпекулации, но и конкретни понуди од Каталонците за услугите на Мартинес, меѓутоа Нераѕурите ги одбија сите обиди досега. Во напаѓачот на Интер се гледа наследникот на Луис Суарес, Лаутаро иако има 22 години, оваа сезона покажа дека е врвен голгетер со 16 погодоци на 31 настап во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести