Лазаров: Добро е што ја израдувавме нацијата, малку да се избегне од политика

Кога е најтешко на македонската ракометна репрезентација, се знае – тука е Кирил Лазаров. Играчот кој со години ја има капитенската улога, досега многу пати и на теренот покажал што значи да се биде лидер. Така беше и синоќа против Украина.

Македонија водеше во поголемиот дел од мечот, но на 10 секунди беше 25:25, со напад за Македонија. Кога е таква ситуацијата, се знае. Топката кај Лазаров, а од него се знае што може да се очекува – ГОЛ. Така и беше. Капитенот погоди во последната секунда за победа, гол кој беше прогласен и за погодок на денот на Европското првенство. По мечот Лазаров им објасни на младите играчи како се станува голем играч, но и порака до македонскиот народ дека сега е време за ракомет, а не за политика.

„Младите играчи избегнуваа одговорност при крајот, ако сакат да напредуваат мора да преземаат одговорност. Мора да научиме од овој натпревар и вакви работи да не ни се повторуваат. Добро е што ја израдувавме нацијата, малку да се избегне од политика која е доминатна последниве години“ – изјави капитенот Лазаров по натпреварот.

 

- Оглас -

Најнови вести