Лазаров добро се сеќава, против Тунис сме имале и победи, но и порази на светските првенства

Македонската ракометна репрезентација од 18 часот ја чека дуелот со Тунис, од кој зависи дали ќе бидеме први во групата од Президент купот на Светското првенство, и ќе разигруваме за 25-то место, или ќе треба да се помириме со 27-ма позиција како најдобра можна варијанта на крајот.

Македонија и Тунис досега трипати играле меѓусебе на светските првенства, и билансот е 2-1 за нас. Победивме и во 2017 година кога за последен пат се сретнавме, во Мец, кога селектор беше Лино Червар, а сегашниот селектор Кирил Лазаров беше на терен и даде 12 гола. На терен беше и тогаш младиот, а сега еден од главните поединци, Филип Талески.

Но, од Тунис истотака сме имале и болни порази, како тој на СП во 2009 и во квалификациите за Олимписките игри во 2016 година.

Според квотите во Sport Life, фаворит вечерва е Тунис, што значи добра заработка ако уплатите на триумф на Црвено-жолтите, и тие ја оправдаат вашата доверба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести