Лазаров и на 40 години „лета“: Капитенот со цепелин ја запечати победата (Видео)

Капитенот Кирил Лазаров и на 40 години покажа дека е вистински предводник на македонската ракометна репрезентација. Во дуелот против Чиле, Лазаров даде осум гола и беше најдобар стрелец на мечот.

Последниот погодок што Лазаров го даде, беше за 32:28 на 30-тина секунди пред крајот, кога со цепелин ја затресе мрежата на Чиле. За легендарниот Кире ова беше јубилеен 40-ти меч на Мундијалите. Тој е првиот играч кој во четири различни декади е дел од планетарните ракометни собири.

https://streamable.com/xbwjnp

 

- Оглас -

Најнови вести