Лазаров: Историска победа, публиката го препозна Алкалоид како клуб кој дава шанса на македонски играчи

По првата европска победа на ракометниот клуб Алкалоид, тренерот Кирил Лазаров рече дека играњето во Европскиот куп било корисно за младите играчи за да соберат искуство.

„Многу сум среќен, ова е историска победа за клубот, многу ни значи. Победивме еден голем клуб. Ги повторивме грешките од претходните мечеви, многу утнати пенали и шутеви од шест метри, но многумина играчи првпат играа Европски куп и се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри. Ова е добро искуство за нас. Се гледаше дека ни фали искуство. Благодарност до публиката која дојде во голем број и нè препозна како македонски проект кој дава шанса на домашните играчи. Имам јасна слика за екипата, не треба залетување, треба уште многу работа за успех во Европа“, рече Лазаров.

Марко Митев, кој вечерва даде 10 гола, рече дека е горд на тимот и дека сега ќе се фокусираат кон домашната Суперлига.

- Оглас -

Најнови вести