Лазаров: Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет, им се извинувам на фановите

Капитенот Кирил Лазаров во име на тимот им се извини на големиот број навивачи кои издвоија средства за да отпатуваат до Виена и да ги бодрат, и на сите фанови во Македонија. За поразот од Австрија, смета дека биле и изненадени со тактиката на противникот.

„Треба да се седне со студена глава и да се анализира мечот и нашиот настап на првенствто. Одигравме под ниво, со технички грешки, со утки од чисти позиции. Така тешко е да се победи. Мора да признаам дека бевме и изненадени со одбраната 5-1, со тој полуфластер на мене. Разочарани сме, имавме добра група, но тоа е спортот, Австрија беше мотивирана, тие се подигнуваат како одминува првенството. Благодарам до сите, имаше повеќе Македонци и од ЕП во Ниш и Белград, им останавме должни, им се извинувам, заслужуваме критика. Ова е удар за македонскиот ракомет, но треба да се анализира и да почнеме од почеток. Одиме напред, не е ни прв ни последен пораз, треба да направме напор да го издигнеме ракометот“ – рече Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести