Лажел дека е брат на Бушар и на нејзина сметка уживал два месеци во хотел

Соломон Шломо Азари е 24-годишен човек кој беше уапсен во Мајами поради измама, а измамата е: се претставувал како брат на тенисерката Ежени Бушар и направил сметка од 42.000 долари.

Атрактивната канадска тенисерка живее во хотел во Мајами кога не настапува на турнири, а Азари го знаел тоа и го искористил. Дури два месеца живеел и користел услуги од хотел, но на крајот бил откриен и уапсен.

Азари е обвинет за измама, кражба на лични податоци, кражба на повеќе од 40 илјади долари и поседување кокаин во периодот од мај до јули годинава, кога тенисерката беше во Европа. Измамникот ја користел личната сметка на Бушар цели два месеца и се хранел во хотел. Дел од персоналот од хотелот изјавиле дека го виделе заедно со тенисерката во еден бар, па поверувале дека се брат и сестра.

- Оглас -

Најнови вести