Лажел дека го боли стомак, жена му го издаде дека е на Малдиви

Турскиот фудбалер Сердар Азис, ќе биде избркан од Галатасарај, поради нарушување на клупската дисциплина, а причината крајно непроферсионалното однесување на Сердар.

Овој 28-годишен дефанзивец, минатиот викенд не играше против Сивасспор, иако беше речиси редовен стартер во тимот. Тој си го навлекол гневот на раководството, откако сфатиле дека ги лаже оти е повреден. Сердар се жалел на стомачни болки и добил дозвола од клубот да не игра на таа средба, но не знаеле дека тоа му е само оправдување да не се појави, бидејќи имал други планови, да оди на краток одмор на Малдивите.

Проблемот настанал кога неговата сопруга Тугџе објавила фотографија како се одмораат на Малдивите, па навивачите жестоко реагираа и го критикуваа ова однесување, а потоа и од клубот најавија дека тој ќе биде продаден во јануари. Ако не се најде клуб, тогаш Азис ќе треба до крајот на сезоната да гледа мечеви од трибините.

- Оглас -

Најнови вести