Ле Сомер ни даде четири гола, Франција броеше до 11 против Македонија

Франција ја декласираше женската репрезентација на Македонија и вечерва на домашен терен славеше неверојатна победа од 11:0.

Заедно со скопската седмица примивме вкупно 18 гола, без постигнат погодок против првиот фаворит во нашата квалификациска група за настап на ЕП.

Почетокот со примен гол по само 10 секунди најави дебакл за нашите репрезентативки, кои беа ослабени без Наташа Андонова и Кристијана Рочи, но и тоа не може да биде оправдување за пораз со 11 примени голови.

Блескаше Ежин Ле Сомер со четири погодоци, Гејоро постигна два гола, а во долгата листа со стрелци се запишаа и Гован, Алмеида, Дијани, Асеји и Каскарино.

Франција остана на првото место со максимални пет победи и гол-разлика од 29:0, пред Австрија со ист ефект, но со гол-разлика од 21:0.

Македонија е претпоследна со три бода од 7 меча, само пред Казахстан, селекција што има максимални пет порази.

- Оглас -

Најнови вести