Леброн годишно троши по 100.000 долари за „сервисирање“ на стапалата (Фото)

Кошаркарот кој се смета за најголем на сите времиња во НБА лигата, Леброн Џејмс, има големи проблеми со стапалата, проблем кој е невидлив за публиката. Тој постојано е подложен на третмани на стапалата и за него се изработуваат специјално адаптирани патики.

Иако кошаркарот има 39 години, сепак, не размислува за пензија и планира уште да игра, но според лекарите проблемите со стапалата може да се влошат кога ќе престане со активното играње на кошарка. Американските медиуми пренесуваат дека ваквото “сервисирање“ на стапалата го чини кошаркарот преку 8.000 долари месечно или најмалку 100.000 долари на годишно ниво.

- Оглас -

Најнови вести