На Џејмс му недостасуваше само еден скок за да направи трипл-дабл, но и покрај тоа, може да биде задоволен бидејќи Лос Анџелес лејкерс на свој терен победи против Мајами со 108:105. Против својот поранешен тим Џејмс даде 28 поени, а имаше и 12 асистенции и девет скока за 17-тата победа на Лејкерс сезонава.
Покрај Леброн, одличен беше и Кајл Кузман, кој заврши со 33 поени, што значи дека овие двајца постигнаа повеќе од половина поени за победничкиот тим. Леброн имаше специјален дочек за својот голем пријател Двејн Вејд. Двајцата некогашни соиграчи дури и си разменија дресови.
Шампионот Голден стејт доминираше во дуелот против Минесота и на крајот заслужено победи. Уште на стартот на мечот, Голден стејт поведе со 13:0 и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека ќе води. Стеф Кари беше одличен и на крајот заврши со 38 поени, шест асистенции и седум скокови. Кајл Томпсон додаде 26 поени за победничкиот тим.
Расел Вестбрук постигна само 12 поени, но стигна до нов трипл-дабл. На крајот зад неовото име стоеја плус 11 скока и 10 асистенции, што беше доволно за шести трипл-дабл сезонава, но и за победа на Оклахома против Јута со 122:113.
Далас кога игра на домашен терен, веќе како да се знае исходот. Маверикс стигнаа до 10-тата победа во низа пред своите навивачи, и тоа на убедлив начин. Победен беше Орландо со 101:76.
Резултати: Индијана – Вашингтон 109:101, Филаделфија – Детроит 116:102, Бостон – Њу Орлеанс 113:100, Чикаго – Сакраменто 89:108, Милвоки – Кливленд 108:92, Оклахома – Јута 122:113, Далас – Орландо 101:76, Денвер – Мемфис 105:99, Феникс – ЛА клиперс 119:123 (прод.), Голден стејт – Минесота 116:108, ЛА лејкерс – Мајами 108:105.