Леброн покажа дека и во 2020 ќе биде незадржлив – прв меч и веднаш трипл дабл

Лос Анџелес лејкерс започна фуриозно против Феникс санс и по првата четвртина водеше со 43:17, па уште тогаш беше јасно кој ќе биде победникот. Единствено што гостите успеаја да направат до крајот на дуелот е да стигна до пристоен пораз од 10 разлика (117:107), а најмногу што успеаја да се приближат до водството на противникот беше седум разлика.

Леброн Џејмс покажа дека и во 2020 година ќе блеска. Првата ѕвезда на ЛА имаше трипл-дабл со 31 поен, 13 скокови и 12 асистенции. Одличен беше и Ентони Дејвис со 26 поени и 11 скока, па навивачите на Лејкерс се израдуваа на 27-мата победа сезоната.

https://youtu.be/pYOGa9yhL8c

Во останатите мечеви кои се играа: Вашингтон – Орландо 101:122, Њујорк – Портланд 117:93 и Милвоки – Минесота 106:104.

 

- Оглас -

Најнови вести