Леброн покажа зошто е Крал, Стеф Кари испиша историја на НБА олстар-мечот (Видео)

Најдобрите кошаркари на денешницата утрово беа собрани во Кливленд и одиграа НБА олстар-меч, кој испиша нова страница во историјата. Тимот на Леброн Џејмс ја победи екипата на Кевин Дурант со резултат 163:160 (93:94), а токму Леброн беше играчот кој го реши мечот во клучните моменти.

За МВП на мечот е прогласен Стеф Кари, кој постигна неверојатни 50 поени. Најдобриот шутер на денешницата погоди 16 тројки, што е нов рекорд.

Кога се решаваше победникот, Леброн од едната и Јанис Адетокумбо од другата страна беа главни, но на крајот беше поуспешен олстар-играчот на Лос Анџелес лејкерс.

Адетокумбо заврши со 30 поени, 12 скока и шест асистенции, а Леброн на крајот имаше 24 поени, шест скока и осум асистенции. Одличен беше и Ембид со 36 поени и 10 скока.

Следната година олстар-мечот ќе се игра во Солт Лејк Сити.

- Оглас -

Најнови вести