Леброн збрливи и остана без патика кога го виде цепелинот на син му (Видео)

Леброн Џејмс јуниор веќе е голема ѕвезда и покажува дека го има наследено талентот од неговиот татко. Еден од најдобрите кошаркари во историјата, во текот на летниот период не пропушта ниту еден меч на својот син, а е еден од најгласните навивачи.

Леброн посебно не може да се воздржи кога ќе види некој спектакуларен потег на син му. Така беше и по едно атрактивно забивање со цепелин. Џејмс втрча на теренот, а во еден момент кога сакаше да се тргне, забележа дека останал без едната патика.

Според многумина, Џејмс дури и претерува во прославувањето на кошевите што ги постигнува неговиот син. Погледнете ја една од последните реакции на ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс по забивање на неговиот син.

- Оглас -

Најнови вести