Лече и Специја одиграа без голови, опстанокот во Серија А ќе се решава во последните две кола

Екипите на Лече и Специја одиграа без голови, 0-0, на отворањето на неделната програма во италијанската Серија А. Со овој дуел се комплетирани натпреварите на екипите кои се борат за опстанок во лигата, но се уште има многу отворени прашања во пресрет на последните две кола.

Екипата на Лече е во пол-позиција со 33 поени, следува нивниот денешен противник, Специја со 31 бод, додека во најлоша позиција е Верона со 30 поени.

Екипите на Кремонезе и Сампдорија веќе може да се подготвуваат за настапот во Серија Б следната сезона, бидејќи и теоретски се испаднати.

- Оглас -

Најнови вести