Легенда на Фенербахче и на Лил е нов спортски директор на Гостивар

Македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар кадровски се засили непосредно пред почетокот на новата сезона во Првата лига. Раководството на клубот за нов спортски директор го именуваше Муса Соу, поранешниот прославен фудбалер на Фенербахче и на Лил.

Тој во иднина ќе биде одговорен за функционирањето на спортскиот дел на клубот.

„Со задоволство го објавуваме приклучувањето на Муса Соу во нашиот клупски менаџмент. Тој е легенда на Фенербахче и на Лил, двапати шампион, најдобар стрелец во турската Суперлига и француската Лига 1, мајстор на удари со ножички, пример за спортски и хуманитарни активности во Турција и во Африка. Топло го пречекуваме со неговата одлука да ни се придружи во нашата авантура“, соопштија од Гостивар.

- Оглас -

Најнови вести