Легенда на Ливерпул не верува дека Клоп уште долго ќе остане во клубот

Легендата на Ливерпул, Дитмар Хаман, има интересна прогноза за иднината на Јирген Клоп. Според некогашниот фудбалер, Клоп нема уште долго да се задржи на функцијата, а Хаман дури е и изненаден од долгиот досегашен престој на Клоп во Ливерпул.

„Клоп е менаџер на Ливерпул веќе 5 години, а тоа во денешниот фудбал е исклучително долг период. Кога победуваш, времето лета брзо, а раководството е способно да те смени при прв неуспешен резултат. Јирген секогаш ќе остане во срцата на луѓето, што и да се случи. Во Ливерпул секогаш ќе го сакаат, но искрено, не сметам дека ќе остане уште 5 години. Ако погледнеме во 2025 година, јас го гледам како лежи на некоја плажа задоволен од постигнатото. Друга варијанта е да биде селектор на Германија. Сигурен сум дека би сакал да биде европски или светски шампион со репрезентацијата“ – коментира Хаман.

- Оглас -

Најнови вести