Легендарен меч, еден против друг играа најефикасните активни кошаркари

Кошаркарскиот натпревар помеѓу Шпанија и Аргентина, кој го добија Шпанците со 81-71, мина во знакот на Рики Рубио, кој беше најефикасен со 26 поени, но очите беа вперени кон ветераните и легенди Пау Гасол и Луис Скола.

Шпанецот Гасол и Аргентинецот Скола имаат по 41 година и претставуваат вистински пример за сите спортисти. За нив ова се петти Олимписки игри на коишто учествуваат, еден против друг имаат играно и во НБА-лигата и на големи репрезентативни натпреварувања, а денеска во Токио веројатно за последен пат се сретнаа еден против друг на паркетите на официјален меч. Гасол е трети, а Скола четврти стрелец во историјата на кошаркарските турнири на олимписките игри. Пред нив се само Оскар Шмит и Ендрју Гејз.

Скола имаше 13 поени, а Гасол заврши со 9 поени и 8 скока. Шпанците имаат четвртфинале во џеб, а против Словенија ќе играат за прво место во групата.

- Оглас -

Најнови вести