Легендарна патека се враќа во Формула 1 календарот

Трката за Големата награда на Холандија се враќа во календарот на Формула 1 по 35 години. Ова денес го соопшти Интернационалната федерација за автотрки (ФИА). Постигнат е тригодишен договор кој ќе важи од следната сезона, а се остава простор соработката да биде продолжена на две години.

Трката ќе се одвива на легендарната патека „Зандфорт“, која се наоѓа во близина на Амстердам. Последен пат на оваа патека една трка од Формула 1 шампионатот се одржала во 1985 година, кога победи Ники Лауда.

Холандските медиуми пренесуваат дека патеката и помошните објекти мора да бидат реконструирани до стартот на новата сезона, додека вкупниот трошок за организација на самата трка ќе чини околу 40 милиони евра.

https://twitter.com/F1/status/1128223453532819456

- Оглас -

Најнови вести