Северна Ирска на денешен ден пред 40 години обезбеди настап на Мундијал, а Република Ирска го имаше најчудниот систем на бодување во историјата на фудбалот

Северна Ирска трипати досега има играно на Светските првенства, а второто учество во 1982 година на Мундијалот во Шпанија го оствари на денешен ден, точно пред 40 години.

Квалификациите тогаш за Северна Ирска завршија успешно на денешен ден во 1981 година.

И што е многу интересно, тоа се случи во сезоната 1981/82 кога нивните соседи од Република Ирска го имаа најчудниот систем на бодување во историјата на фудбалот.

По принципот 4-3-2-1-0 во домашното првенство, гостинските победи ги наградуваа со 4 бода, за триумф на домашен терен се добиваа три бода, за реми на гости два, за нерешен резултат дома еден бод и за пораз не се добиваа бодови.

Шампион на Република Ирска тогаш стана Дандалк со 80 бода на 30 натптревари, но нивната репрезентација не се пласира на Мундијалот во Шпанија и мораше да им честита на соседите од Северна Ирска, кои изборија пласман на СП во 1982 година.

Вкупно и двете репрезентации имаат по три учества на Мундијалите, а нема да играат на следниот во Катар во 2022 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести