Легендарниот Џерард наскоро добива нов предизвик, да биде тренер на екипа која испаѓа од Премиер лигата

Екипата на Барнли има сезона за заборав, затоа што по 34 одиграни кола освои само 20 бодови и се наоѓа на претпоследното место на табелата. Со овој скор, Барнли веќе заостанува 16 бодови зад Вест хем кој е на последната позиција што носи опстанок и јасно е дека нема шанси да се спаси од испаѓање во последните четири кола.

Најавите се дека актуелниот тренер Скот Паркер ќе си замине од клупата на крајот од сезоната, што значи дека Барнли ќе мора да бара нов стратег за следната сезона во која ќе играат во Чемпионшип, односно втората англиска лига. Дел од најавите во англиските медиуми се дека една од опциите за нов тренер на Барнли е Стивен Џерард.

Легендата на Ливерпул, наводно дал согласност за преговори околу потпишување на договор, а во Барнли веруваат дека ќе најдат менаџер кој ќе направи брза консолидација и ќе се обидат по најбрз можен начин да се вратат во елитното англиско друштво.

Откако ја заврши играчката кариера во 2016 година, Џерард влезе во тренерските води. Беше дел од тренерскиот дел на младинските екипи на Ливерпул, а потоа од 2018 до 2021 година го предводеше шкотскиот гигант Ренџерс. Потоа беше тренер на Астон вила, а последната тренерска работа му беше во тимот на Ал-Етифак во Саудиска Арабија, каде работеше од 2023 до 2025 година.

- Оглас -

Најнови вести