Легендарниот Добре Димовски го прослави 80-тиот роденден, екипите на ЖФК Скопје и ЖФК Истатов пријатно го изненадија

Екипата на ЖФК Истатов со 2:1 славеше над ЖФК Скопје на меч од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Освен трите бода кои заминаа за гостите, овој меч го одбележа и еден убав јубилеј.

Легендарниот фудбалски тренер и педагог Добре Димовски беше во центарот на вниманието пред почетокот на средбата. Димовски, кој е прв селектор на женската македонска репрезентација и единствен стратег кој може да се пофали дека повеќе од стопати водел македонски национален тим, викендов прослави 80 години.

Роденденот на Димовски не го заборавија челниците на екипите на Скопје и Истатов, па славеникот чичко Добре доби подароци.

Димовски е еден од оние за кои може да се каже дека целиот свој живот го посветија на развојот и популаризацијата на фудбалот, а иако влезе во деветата деценија од животот, уште е активен и моментално работи како тренер на младинските селекции на ЖФК Скопје.

- Оглас -

Најнови вести